По триумфот над Манчестер Сити во Лигата на шампиони, навивачите на Јувентус очекуваа победа и во Серија А со оглед на тоа дека во Торино гостуваше Венеција.
„Старата дама“ добро го започна мечот и поведе со голот на Гати во 19. минута, дефанзивецот најдобро се снајде по еден корнер и ја затресе мрежата за 1-0.
Сепак, во продолжението од мечот, Венеција успеа да го сврти резултатот, прво Елертсон изедначи на 1-1 по еден час игра, за во Идзис да погоди за 1-2 во 83. минута и да најави сензационална победа на Венеција во Торино, прва по 62 години.
Сепак, во последните мигови од мечот, судијата покажа на белата точка поради играње со рака а Влаховиќ од пенал во 95. минута донесе 2-2 и го спаси Јувентус од срамен пораз.