Клучниот момент се случи во 21. минута кога Гати постигна гол за водство на Јувентус од 1-0, тоа беше и единствениот погодок на мечот.
Десет минути подоцна гол даде и Влаховиќ, но му беше поништен поради офсајд.
По стекнатото водство, а особено во второто полувреме Јувентус се повлече, Фиорентина напаѓаше за да изедначи, но тимот на Алегри успеа да се одбрани и да ги освои трите бода.