„Старата дама“ сака да се зaсили од редовите на Баерн Минхен, раководствотo на Јувентус ги мерка Леон Горецка, Лерој Сане и Нусаир Мазрауи.
Баерн Минхен има многу проблеми оваа сезона, голем дел од фудбалерите се незадоволни, а Томас Тухел реши летоска да се повлече од тренерското столче и да не го одработи во целост договорот.
Според пишувањата на Кориере дело Спорт, Јувентус сака да го искористи хаосот во соблекувалната на „Алианц арена“ и да ги засили своите редови.
Весникот вели дека особено се интересни три имиња, односно Леон Горецка, Лерој Сане и Нусаир Мазрауи.
Се шпекулира дека спортскиот директор, Кристијан Џинтоли веќе бил во Минхен, каде се сретнал со колегите од Баерн, и разговарале за можни трансфери.