вторник, 11 февруари 2025

Јувентус е подготвен да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ би можел на лето да го промени клубот, Јувентус е подготвен да го продаде и веќе ја одредил цената.

Објавено на

часот

Сподели

На Јувентус му се погоди новото засилување кое дојде од ПСЖ, Коло Муани, тој игра одлично и го седна Влаховиќ на клупата.

Србинот има договор со Јуве до јуни 2026 година, па доколку не биде продолжен, најдобро за клубот е да го продаде.

Јувентус му нуди помала плата од онаа која сега ја добива. Што за Влаховиќ е неприфатливо.

Наводно, Јувентус е подготвен да го продаде за 50 милиони евра.

Сезонава Влаховиќ даде 13 голови на 28 натпревари. Во минатото се поврзуваше со Арсенал и Манчестер јунајтед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ