„The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н. олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање“, се вели во реакцијата на ЈПДП.
ЈПДП: Клуб доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина
По денешното соопштение на СДСМ за одговорноста на Јавното претпријате за државни патишта заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, во реакцијата на државната компанија се вели дека барањето за пропуштање на возилата било поднесено од „The Distinguished Gentleman’s Drive” 2024 клубот кој традиционално организира меѓународен хуманитарен настан, глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 септември, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот. Целта на оваа манифестација е подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.
Објавено на
часот