Избраниците на Пиоли со три бода се враќаат од гостувањето кај Фросиноне, Лука Јовиќ донесе победа.
Милан добро го отвори натпреварот, поведе со голот на Жиру во 17. минута, но радоста кратко траеше, Суле од пенал изедначи на 1-1 во 24. минута.
Фросиноне најави изненадување и поведе со 2-1 во 65. минута, Мацители го совлада Мењан за ерупција на „Бенито Стрипе“.
Сепак, Габија ги врати „росонерите“ во игра во 72. минута и изедначи на 2-2, за Јовиќ во 81. минута да реализира за 2-3. Србинот искористи една несмасна интервенција на противничките дефанзивци, и по само 100 секунди откако влезе во игра, ја затресе мрежата за нови три бода на Милан.