„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи. Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, се осудува на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци“, наведено е во пресудата на овој суд.
Судијата Даниела Алексовска Стојановска од скопскито Кривичен суд лани на 31 јули ја донела пресудата со која тогаш 19 годишниот Васил Јованов, фатен со 80 паковки амфетамин, наместо во затвор, му изрекла мерка за во поправниот дом во Тетово.
Иако тој бил обвинет за 2 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, од Судот денеска оваа одлука ја правдаат со тоа што тој немал наполнети 20 години, а било во согласност со одредбите од Законот за правата на децата.
Поради ваквата пресуда, на Јованов му бил укинат притворот, а ЈО можело и се жалело само на пресудата.
Предметот стигнал во скопска апелација во ноември, но таа се уште нема донесено одлука, па практично Јованов никогаш не заминал ниту во домот во Тетово, во кој според пресудата требало да биде најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години.