Манев неодамна го раскина договорот со Адана Демирспор и денеска е промовиран како нов фудбалер на Ријека.
Македонскиот фудбалер потпиша договор до 2027 година.
Јован Манев кариерата ја започна во Брегалница каде што по 30 одиграни натпревари направи трансфер во Адана. Дресот на македонската репрезентација го носеше на десет натпревари, а успеа да постигне и еден гол.