среда, 12 февруари 2025

Јончевски го објави списокот за натпреварите против Естонија и Полска

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски објави список од 16 играчи од кои 12 ќе настапат квалификациските натпревари за Европското првенство против Естонија и Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Во овој квалификациски прозорец има пауза во Евролигата, па на списокот се најдоа и Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс.

На списокот го нема Дамјан Стојановски, тука е неговиот брат Војдан, повикан е и Итан Хам но тој од октомври има повреда поради која е надвор од теренот.

Мини-подготовките на репрезентацијата стартуваат на 17 февруари во 18 часот во СРЦ Кале, натпреварот против Естонија се игра на 21 февруари во Талин, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Полска.

Список:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо Бафалос
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Париз

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ