Денвер одигра доминантно, водеше во текот на целиот меч, а најдобар на теренот беше Никола Јокиќ.
Србинот постигна 32 поени, имаше 15 асистенции и 10 скокови. Рамо до рамо со него беше и Портер кој реализираше 30 поени и имаше 10 скокови.
Овој натпревар го одбележа и враќањето на Џемал Мареј кој заигра првпат по повредата и постигна 16 поени.
Најефикасен во составот на Хјустон беше Грин со 26 поени, Сенгун постигна 22.
Резултати:
Детроит – ЛА Лејкерс 107-133
Орландо – Вашингтон 139-120
Торонто – Феникс 112-105
Мемфис – Јута 105-91
Њу Орлеанс – Филаделфија 124-114
Денвер – Хјустон 134-124
Сакраменто – ЛА Клиперс 117-131