Денвер им се врати на победите, а Јокиќ и без Мареј и Гордон го однесе тимот до триумф со одлична партија.
Српскиот кошаркар беше најдобар на теренот постигнувајќи дури 39 поени, имаше 11 скокови и девет асистенции, одличен во составот на Денвер беше и Портер со 25 поени.
Најдобар кај Сан Антонио беше младиот Вембанјама кој реализираше 22 поени, имаше и 11 скокови, Васел постигна 19.
Резултати:
Милвоки – Портланд 108-102
Бостон – Атланта 113-103
Мемфис – Минесота 97-119
Њујорк – Феникс 113-116
Орландо – Шарлот 130-117
Бруклин – Чикаго 118-109
Кливленд – Торонто 105-102
Денвер – Сан Антонио 132-120