Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена, соопшти Јавното обвинителство.