Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото, соопшти Јавното обвинителство.