сабота, 1 февруари 2025

ЈО предложи притвор за осомничената која избегала откако удрила во пешак

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против  осомничена за кривично дело – загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обиде да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување, соопшти Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ