вторник, 22 октомври 2024

ЈО ја проверува евентуалната поврзаност на убиството во Блаце и пожарот на Барон во Чаир

Јавното обвинителство постапува за откривање на сторителите за убиството во близина на Блаце и за пожарот во угостителски објект во Чаир и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази“, стои во соопштението.

За пожар во угостителски објект во Чаир, од ЈО велат дека увид извршила увидна екипа на Министерството за внатрешни работи.

„Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани, дополнуваат оттаму.

Вчера во Блаце беше убиен З.Т. (56) татко на Гани Туша, еден од осомничените за убиствата од пресметките на криминалните банди Дуќанџик и Барон на скопското нарко подземје. Пред вчерашното убиство гореше и кафулето Барон во Чаир, местото каде што се среќавале членовите на таа банда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ