недела, 22 декември 2024

Јенс Столтенберг ќе биде новиот претседавач на Минхенската безбедносна конференција

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг ќе биде новиот претседавач на Минхенската безбедносна конференција (МСК), изјави директно информиран извор за Политко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа улога го става Столтенберг, поранешен норвешки премиер, на чело на клучна трансатлантска институција во време на зголемена загриженост околу правецот на војната во Украина и иднината на НАТО по претседателските избори во САД во ноември, наведува Политико.

На чело на Минхенската безбедносна конференција, Столтенберг ќе застане на местото на Кристоф Хојсген, германскиот дипломат кој ја водеше конференцијата во последните две години, почнувајќи од февруари 2025 година, изјави изворот на овој медиум.

Поранешниот долгогодишен претседател Волфганг Ишингер ќе остане претседател на Советот на фондацијата на Минхенската безбедносна конференција.

Од своето основање во 1963 година од страна на поранешен офицер на Вермахт и член на германскиот отпор, МСК стана клучен состанок на меѓународно ниво – како што посетителите на шега го нарекуваат „Давос со оружје“, пишува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ