Музиката на Фолтин е непредвидлива и предизвикувачка, надреална, страсна и духовита, динамична и полна со изненадувања и спојува многу жанрови, која ќе повика на трансцедентален танц и овој 2 март (сабота).
Фолтин постои од 1996 година. Зад себе има девет самостојни албуми, музика за преку триесетина театарски претстави, музика за десетина филмови, меѓу кои кандидатот за Оскар „Медена Земја” и интернационално најнаградуваниот филм „Исцелител”. Со концертни настапи и театарски перформанси во живо гостувале во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.
Освен на македонски, англиски и француски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. Фолтин себе си се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре.
Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника
Бранислав Николов – гласни и други жици
Пеце Трајковски – Брада – дирки, гитара, перкусии
Гоце Јованоски – бас
Славчо Јовев – тапани
World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна соба.