недела, 22 декември 2024

Јавна дебата: Како до свет без чад за 20 години?

Објавено на

часот

Сподели

Додека не се достигне тоа ниво на освестеност, постојат брзи решенија како што се производите без чад, кои можат да им помогнат на пушачите, додаде др. Фал.

Токму тоа е патот по кој одеше Шведска, нудејќи им на пушачите замена за цигарите во облик на тутун или никотин за орална употреба.

Голем број учесници во јавната расправа на тема тутунски чад во ЕУ, сметаат дека решението е во употреба на новите тутунски производи како замена за класичните, со акцент дека законската регулатива треба да биде јасна, дека се работи за производи наменети за полнолетни лица, кои инаку би продолжиле со пушење цигари или со користење на други никотински производи.

Од друга страна, Светската здравствена организација, која го поддржа зголемувањето на даноците и на тутунот и на производите без чад, е уверена дека тоа во целост би ги спречило луѓето да ги користат.

Наспроти нивните тврдења е мислењето на Емануел Брако, вонреден професор по економија на Универзитетот во Верона. „Ако многу ја зголемиме цената на новите производи, тоа ќе ги одалечи луѓето од нив и некои од нив ќе се вратат на класичните цигари“, смета Емануел Брако.

Со забрана на пушењето во затворените простори, давањето на точни информации за помалку штетните избори, паметното оданочување и едукацијата на жителите, се трасира патот кон кој тежнее СЗО – свет без тутунски чад и создавање на идните генерации непушачи, заеднички е заклучокот на светските експерти, но и на медиумските аналитичари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ