понеделник, 30 декември 2024

Јавен повик за финансиска поддршка за нови авио дестинации

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на тригодишната програма за оваа намена се обезбедени средства во износ од 360 милиони денари. Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на подобар и попристапен авиопревоз. Со цел подобро поврзување на земјата и обезбедување подобри услови за патување на граѓаните, Министерството за транспорт денеска објави јавен повик за поднесување барања за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид“, објави Николоски на својот фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ