среда, 30 октомври 2024

Jaсмина Лескаровска е новата директорка на Агенцијата за промоција на туризмот

Со големи очекувања за повторна соработка и консолидација, туристичкиот сектор и туроператорите за дојдовен туризам ја поздравија долгоочекуваната промена на директорската позиција во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Владата го разреши Љупчо Јаневски од должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, поради истек на мандатот, а за в.д. ја именуваше м-р Јасмина Лескаровска.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната средба, претседателот на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Аркан Керим ѝ ја честиташе директорската позиција на м-р Јасмина Лескаровска. Таа рече дека не се сомнева дека со тимот вработени во АППТ повторно ќе ја стекне довербата кај туристичкиот сектор и ќе го врати авторитетот на институцијата.

Лескаровска долги години работи во АППТ, а на директорската функција доаѓа од Секторот за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ