Првиот секретар на владиниот кабинет Мацуно Хироказу потврди дека јапонските воздушни сили за самоодбрана (АСДФ) распоредиле ракети патриот на островот Мијако, во островската провинција Окинава, јавува Анадолу.
Мацуно рече дека распоредените проектили биле наменети да ја гарантираат националната безбедност и ќе ги таргетираат можните балистички ракети со долг дострел на Северна Кореја.
Потегот на Јапонија доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Кина и Тајван.
Локалните медиуми јавуваат дека ракетите ПАЦ-3 се распоредени и на островите Ишигаки и Јонагуни во истиот регион.
Островите Мијако, Јонагуни и Ишигаки во југозападна Јапонија се наоѓаат најблиску до Тајван.