Окружниот суд во Кјото ја опиша кражбата како „злонамерен чин“, кој се случувал во текот на август и септември.
Според судиите, „нема олеснителни околности“ за одлуката на осудениот да краде од својот конкурент со цел да ги компензира загубите предизвикани од екстремните временски услови. Проценетата штета изнесува 200.000 јени (приближно 1.300 долари), известува „Кансај ТВ“.
Екстремните летни температури, поттикнати од климатските промени, годинава предизвикаа сериозни проблеми во земјоделството во многу делови од светот, вклучувајќи ја и Јапонија. Летото во земјата се смета за едно од најжешките досега, изедначено со она од 2023 година. Дополнително, снежната покривка на планината Фуџи оваа година се појави рекордно доцна, дури на почетокот на ноември, иако обично снегот ја покрива планината уште во октомври.