среда, 4 декември 2024

Јанкоски: Бизнис клуб е за афирмација на македонските бизнисмени кои често се на маргините на медиумите

Во премиерната епизода на подкастот Бизнис клуб претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукциската куќа Трето уво, човек кој остави траен белег во македонската култура и музичка индустрија, се наведува во соопштението на Стопанската комора.

Објавено на

часот

Сподели

Во разговорот Јанкоски, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот Бизнис клуб, посочува дека подкастот е создаден за да ги афирмира македонските бизнисмени кои, и покрај нивните значајни достигнувања, често остануваат на маргините на медиумската сцена.

„Имаме луѓе кои успешно го водат бизнисот и во земјата и надвор од границите на државата, го билдаат македонскиот БДП, вработуваат илјадници луѓе и ја движат економијата напред. Но, за жал, тие ретко добиваат медиумска видливост. Сакавме да создадеме содржина која ќе биде спротивност на скандалите и негативните вести. Така се роди идејата во дигиталните медиуми да креираме една интересна содржина која ќе направи афирмација на таквите млади и успешни бизнисмени и која ќе биде спротивност на содржините исполнети со црна хроника, со скандали и со претставување на личности кои немаат суштински што да кажат“, истакна Јанкоски.

Иво Јанкоски е дипломиран економист, но познат како продуцент, менаџер, издавач и промотор кој ја основал првата македонска независна издавачка куќа Трето уво. Во разговорот со Азески, тој зборува и за предизвиците во музичката индустрија во Македонија и прави споредба со светските музички состојби и трендови. Тој исто така ги пренесува почетоците и соработката со групата Леб и Сол, Влатко Стефановски, Анастасија, Кирил Џајковски, Вања Лазарова. Зборува и за настанот Балкански Музички Плоштад и основањето на М2 Продукција, која откри многу нови таленти.

Серијалот Бизнис клуб е заеднички проект на Стопанската комора и Трето Уво. Според Јанкоски, kомората е природен партнер за овој потфат, бидејќи таа претставува заеднички именител за македонскиот бизнис сектор.

„Комората е местото од каде тргнуваат главните текови во економијата, каде се решаваат предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, но и се раѓаат новите идеи за развој на позитивна бизнис клима“, вели Јанкоски.

Од Стопанската комора велат дека улогата на Азески како домаќин на подкастот е да внесе доза на искуство и визија.

„Тоа е  човекот со долгогодишно искуство, добар познавач на бизнисот и бизнис-состојбата во нашата земја, но и на премрежијата низ кои поминаа нашите компании трасирајќи го патот на македонската економија; човекот познат и признат од бизнис заедницата кај нас, во регионот и пошироко и човекот со најмногу бизнис релации во земјава и пошироко“, велат од Стопанската комора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ