недела, 2 февруари 2025

Јаневска: Афинитетите на учениците на прво место, а со тоа и подобар успех

На прво место ќе дојдат афинитетите на учениците, а со тоа и подобар успех. Тоа е ставот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, искажан во интервју за Гласот на Америка за новиот Концепт за гимназиско образование. За реакциите од наставници и професори, Јаневска вели, ќе има работа за сите наставници.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако кажеме дека поединечно, Етика и Логика ги нема, но има Филозофија во која може да се предаваат и Етика и Логика. Од тука, не гледам дека е тоа сериозен проблем“, одговара Јаневска за критиките кон новиот Концепт за гимназиско образование

„На прво место ќе дојдат афинитетите на учениците, а со тоа и подобар успех за македонското образование“. Тоа е ставот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Дојдоа бројни реакции од професори, училишта, институти дека со измените ќе се укинат дел од предметите или ќе им се намали бројот на часови. Но, министерката тврди: „Не е така. Во оваа концепција во центарот е поставен ученикот, неговите афинитети кон одредени предмети или кон одредени полиња, области кои ќе побудат кај него интерес и желба за учење. Познато е дека, за жал, нашите ученици не покажуваат добри резултати на меѓународните, па и на домашните тестирања. Сакавме да направиме концепт кој ќе ги предизвика учениците за да се зафатат за она што тие сметаат дека имаат компетенција, па дури и да е само нивна желба за понатамошно образование. Секако тие што треба да им помогнат, стручните соработници, кариерните советници, би можеле да ги насочат во кој правец треба да се движи нивното понатамошно образование и тоа треба да го направат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ