вторник, 4 февруари 2025

Јакимовски: Трн во око се маркетите, а што е со банките?

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња – банките. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од 32 милиони евра. Тоа е некаде околу 3,5% добивка, профит од целокупниот промет, пишува Јакимовски во својата објава, изјави денеска претседателот на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Комерцијална банка, Тутунска банка и Стопанска банка имаат вкупен промет од 380 милиони евра, а добивка 191 милион евра. Изразено во релативни бројки (проценти) тоа е над 50% добивка, профит од вкупниот промет. Внимавајте! Овде зборуваме само за три банки. Сите заедно прават над 230 милиони евра заработка за изминатата 2024 година. Баба лаже, трап не лаже!

Прашања до премиерот: Маркетите дали користат кредити од банките? Плаќаат ли провизии и други банкарски услуги? Транспортерите, производителите… граѓаните земаат ли кредити? Плаќаат ли провизии, услуги за обработка на кредити, услуги за опомени и уште што ти не?
Ве молам зафатете се да решавате вистински проблеми и удрете по причините, а не по последиците. Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените“, рече Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ