сабота, 27 јули 2024
Реакција на градоначалникот на Општина Карпош

Јакимовски: Поради неизгласаниот Буџет, вработените ќе имаат помала плата, граѓаните нема да ги добиваат услугите

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја предупреди јавноста дека поради блокирањето на Буџетот од страна на дел од советниците, доведено е во сериозна опасност работењето на општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош. Со блокирањето на Буџетот, како што рече Јакимовски, директно се загрозува локалната власт.

Објавено на

часот

Сподели

За жал можеме да видиме како неодговорни луѓе си играат со држава. Имаме законодавма, судска, извршна и локална власт. Ова е класично загрозување на една власт, а тоа е локалната, во конкретниот случај Општина Карпош. Ниту граѓаните, ниту вработените имаат фајде од тоа што некој ќе им каже дека ги разбира и дека нивниот револт е оправдан. Постојат закони кои политиката ја ставиле во одредена рамка и кога на политиката главата ќе и биде премногу вжештена и кога ќе прават премногу глупости тогаш настапува законот кој за жал никој не го почитува. Во конкретниот случај ниту е донесен Буџет, ниту е донесена Одлука за времено финансирање како обврска на Советот на општина Карпош“, изјави денеска Јакимовски.

Јакимовски вели дека освен што е во опасност реализирањето на сите програми на општината, во сериозна неизвеност се доведени и исплатата на платите, па дури и работните места на вработените во градинките, училиштата, во општинската администрација и на привремено вработените.

„Имаме сериозен проблем. Не можат да се донесат правни акти кои ќе важат ретроактивно. Од друга страна, тврдењата ‘да не се грижат вработените, тие ќе земаат плата ако прејдеме на времено финансирање’, тоа значи дека минатата година ова време сме имале 40 проценти помала плата од тоа што сега ја земаме. Тоа значи дека овие луѓе ќе треба да земат 40 отсто помала плата, а тоа значи дека треба да донесеме нова одлука за помал бод. Штом ќе биде тој бод помал, ако ја исплаќаме така платата два месеца, нема теоретска шанса во март, април или било кој друг месец да имаме повисок бод од тој што го утврдила државата. Тоа значи дека овие луѓе трајно ќе останат без тие пари, односно ќе мора да го надоместуваат по судски пат. Ете тоа е ќарот на Општина Карпош од луѓе кои што се крајно неодговорни, кои што се залутани во оваа работа. Згора на тоа, општината не е надлежна да донесе одлука колкав ќе биде бодот на вработените во градинките и во училиштата. И тие ќе имаат 40 отсто помали плати, а ние нема да можеме за тоа да донесеме одлука. Мислам дека ги претераа сите можни граници на едно нормално, па дури да кажам и ненормално функционирање на политиката. Партиите кои се најодговорни за оваа работа сносат одговорност. Јас не можам да се изначудам на колегите од Левица кои за претседател имаат универзитетски професор по право да прибегнуваат кон вакви политички одлуки кои го суспендираат правото. Во тој дел, мислам дека најголема е нивната одговорност“, вели Јакимовски.

Поради неизгласување на Буџетот, вработените во Општина Карпош денеска излегоа на протест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ