сабота, 19 октомври 2024

Извори од јужноафриканската влада: Ќе мораме да го уапсиме Путин доколку дојде на состанокот на БРИКС

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ЈАР Сирил Рамафоса, наводно, формирал специјална комисија задолжена да го истражи налогот за апсење. Комисијата утврди дека Јужноафриканската Република нема да има друг избор освен да го уапси Путин доколку стапне во земјата.

„Немаме опција да не го уапсиме Путин. Ако дојде овде, ќе бидеме принудени да го приведеме“, изјави владин претставник за Сандеј тајмс. Се очекуваше рускиот претседател да присуствува на самитот на БРИКС, иако оваа информација сѐ уште не е потврдена од Кремљ, пишува Индипендент.

Сандеј тајмс пишува дека постои можност Путин виртуелно да присуствува на разговорите со други лидери. „Единствената опција што ја имаме е (Путин) да учествува на самитот преку Тимс или Зум од Москва“, велат владини извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ