На средбата со раководството на установата, европратеникот Вајц искажал задоволството од теренското разгледување и посочил дека регионот и паркот имаат огромни потенцијали за развој на алтернативниот туризам и сточарството.
Од НП „Маврово“ информираат дека на работната средба гостинот се заложил земјава да добие правичен третман и наскоро да ги започне преговорите со Европската Унија и дал ветување дека во извештајот ќе го подвлече проблемот поради неможноста од значително искористување на ЕУ-фондовите.
Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими го запозна новиот европратеник со плановите за периодот кој следува и активностите за заштита на природните ресурси, но и предизвиците кои се однесуваат на масовното иселување на локалното население.
Ибраими на средбата предложил да се стави поголем фокус на финансиската поддршка за граѓаните и бизнис-секторот во рурални средини со што би се помогнало при создавање на подобри услови за населението и негово опстојување на територија на паркот.