„Она што Трамп го предлага е целосно апсурдно“, кажа таа за време на посетата на Копенхаген.
Трамп во вторникот кажа дека сака да ја преземе контролата врз Појасот Газа кој го разурнаа Израелците и повтори дека неговите жители би можеле да одат да живеат во Јордан или Египет, и покрај противењето на тие земји и на самите Палестинци.
„Тоа е противзаконско, неморално и неодговорно. Целосно е неодговорно бидејќи ќе ја влоши регионалната криза“, кажа Албанезе, која ги повтори обвинувањата за израелски геноцид во Газа.
„Предлогот на Трамп претставува поттикнување на присилно раселување, што е меѓународно злосторство“, оцени таа.
„Во контекст на геноцидот, тоа ќе го засили соучесништвото во злосторствата кои Израел ги изврши во последните 15 месеци и претходно“, кажа известувачката на ОН.
Според неа, предлогот на Трамп може да предизвика „паника низ светот, бидејќи последиците се огромни“.
Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк кажа во Женева дека секое присилно префрлање или протерување на население од окупирана територија е најстрого забрането.
„Секое присилно преместување или протерување на лица од окупирана територија е најстрого забрането“, кажа Тирк и потсети дека „правото на самоопределување е основниот принцип на меѓународното право и дека тоа мора да го штитат сите држави“.