Левица потсетува дека заради овие скандалозни измени нејзините пратеници поднесоа 1.111 амандмани, по што вчерашната седница на Комисија за труд беше одложена.
Денеска продолжи седницата на Комисијата која е блокирана токму поради филибастерингот на Левица.
Повеќе од јасно е дека сите отстапки и законски измени кои што оваа ненародна Влада ги прави за потребите на Бехтел и Енка не се за доброто на државата, народот и националните интереси, туку за сопствен бенефит и затоа Левица со сите сили ќе ги спречи овие закони“, се вели во соопштението на Левица.