вторник, 24 декември 2024

Израелските сили откриле досега најголем тунел на Хамас, вреден неколку милиони долари (ВИДЕО)

Израелската војска соопшти дека стотина метри јужно од граничниот премин Ерез со Појасот Газа го открила најголемиот досега, бетонски и армиран тунел, проектиран за, како што тврдат, превоз на поголем број борци на Хамас од и до границата.

Објавено на

часот

Сподели

„Беше тоа најголемиот тунел кој го најдовме во Газа, чија намена е да се нападне преминот (Ерез)“, кажа портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмиралот Даниел Хагари, но не прецизираше дали Хамас тој тунел го користел за нападот на Израел на 7 октомври.

Војската на новинарите им го покажа влезот во тунелот скриен во песочна дина, за кој тврдат дека претставува водечки проект на Хамас.

„Милиони долари се вложени во овој тунел. Биле потребни години за неговата изградба. Низ него можат да минуваат возила“, додаде Хагари.

Тој ја процени целосната должина на тунелот на четири километри, се спушта 50 метри во длабочина и висок и широк е три метри, што е доволно да се дојде до градот Газа.

Хагари на новинарите им покажа и видео снимка од Мохамед Синвар, братот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, како седи на совозачко место во возило, за кое тврди дека се движело кон тунелот.

Досегашните подземни премини кои израелските сили им ги покажуваа на медиумите беа тесни и ниски, и низ нив можело да се мине само пешки, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ