четврток, 26 декември 2024

Израелскиот министер за финансии најави анексија на окупираниот Западен брег

Членот на коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи објави дека следната, 2025 година ќе биде годината кога Израел ќе воспостави целосен суверенитет, односно ќе го анектира Западниот брег кој го окупира од 1967 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во пораката на хебрејски министерот за финансии на Израел Бецалел Смотриќ наведе: „2025 – Годината на суверенитет во Јудеја и Самарија“.

Јудеја и Самарија е термин со кој израелските националисти алудираат на Западниот брег.

Смотрич претходно кажа дека целта му е воспоставување суверенитет над окупираната територија за да се спречи формирање палестинска држава кое многумина го сметаат за решение на повеќедеценискиот конфликт.

Тој се закани дека ќе ја урне владата на Нетанјаху ако се постигне прекин на огнот со либански Хезболах на северниот фронт, но сепак остана во владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ