вторник, 24 декември 2024

Израелската војска суспендирала војници поради пушење наргиле пред притворени Палестинци (ВИДЕО)

Израелската војска суспендирала група војници кои биле снимени како пушат наргиле и прават шеги пред уапсени Палестинци со превези преку очите.

Објавено на

часот

Сподели

Снимката на која се гледаат војници кои се смеат и јадат во иста просторија во која се сместени најмалку седум Палестинци со заврзани очи за два дена стана вирална на интернет.

„Однесувањето на војниците е за осуда и во остра спротивност со вредностите на Израелските одбранбени сили (ИДФ)“, кажа израелски воен портпарол.

По сослушувањето војници се суспендирани на неодредено време, додаде портпаролот.

Снимката е направена во градот Џенина на окупираниот Западен брег, и ја погледнале два милиони корисници на социјалните мрежи.

На интернет кружат уште неколку видеа и фотографии кои прикажуваат израелски војници како претресуваат куќи, уништуваат стока во продавници, обидувајќи се да запалат залихи храна и извикуваат расистички пароли во Појасот Газа.

Како што наведува Асошиејтед прес, таквите снимки ѝ создаваат главоболки на израелската војска соочена со меѓународни критики поради својата тактика и растечкиот број цивилни жртви во борбата против Хамас.

На таквите снимки Израелците ги креваат рамењата бидејќи го одразуваат националното расположение и големата поддршка за војната во Газа и немањето сочувство за маките на тамошните жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ