понеделник, 10 февруари 2025

Израелската војска се повлекува од коридорот кој ја пресекува Газа (ВИДЕО)

Израелската војска се повлече од коридорот Нецарим што минува низ Појасот Газа, објави Хамас за потегот што се очекуваше како дел од договорот за прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извор од израелската безбедност, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека израелската војска се повлече од своите позиции во центарот на енклавата. Израелската војска претходно го намали своето присуство во областа.

Хамас го слави повлекувањето како своја победа и таму ги испрати своите полициски сили да управуваат со движењето на Палестинците.

Снимката на Ројтерс покажува возила на израелската војска како се движат од брегот кон израелската граница. Израел зазеде коридор долг 6,4 километри од границата до Медитеранот, кој се наоѓа јужно од градот Газа, освоен во првите месеци од инвазијата.

Коридорот ги отсекува северните од јужните населби на Појасот. Илјадници Палестинци поминаа низ коридорот во последните недели, враќајќи се во своите домови на северот што ги напуштија во потрага по засолниште.

Некои од нив го опишаа шокот кога го виделе нивото на уништување и откриле човечки останки во областите од кои се повлекле израелските сили, пренесува Ројтерс.

Поголемиот дел од северот на Појасот стана пустелија по разорната воена кампања на Израел.

Некои од повратниците се вратиле на југот на енклавата кога откриле дека нивните домови се уништени, додека други поставиле шатори на местата каде што некогаш живееле.

Во неделата голем број луѓе решиле да поминат низ коридорот откако Хамас најави повлекување на Израел, што резултираше со редица автомобили.

Воените и полициските сили на Хамас ја зголемија својата присутност по постигнувањето прекин на огнот во јануари, а аналитичарите веруваат дека ова има за цел да испрати порака дека групата не е поразена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ