сабота, 19 октомври 2024

ИДФ: Погодивме приближно 75 цели на Хезболах во текот на ноќта; Либан: Најмалку 13 загинати

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта погодила приближно 75 цели на Хезболах во Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на Телеграм, Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле цели во источната област Бекаа и во јужен Либан.

Меѓу погодените локации се магацини со оружје, лансери подготвени за пукање и терористичка инфраструктура, се додава.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека девет лица загинале, а 11 се повредени во израелските напад врз Јунин во североисточниот дел на Либан, во близина на Баалбек, во текот на ноќта.

Надлежните велат дека се работи на расчистување на рушевините.

Претходно, министерството објави дека загинале уште четири лица на југ, во Кана и Аита ел Шааб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ