недела, 29 декември 2024

Израелската војска ја крена во воздух Палатата на правдата во Газа (ВИДЕО)

Израелската војска ја кренала вчера во воздух главната зграда на судот во Појасот Газа, позната како Палата на правдата, која се наоѓа во јужниот дел на градот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

 

Израелската војска објави снимка на мрежата Икс на која се гледа моментот кога војниците ја кренале во воздух целата зграда со седум ката, свечено отворена во 2018 година.

Радиото на израелската војска тврди дека зградата била користена како судница на палестинската група Хамас, која владее со појасот Газа.

Изградбата на зградата ја финансираше Катар, а од нејзиното отворање со неа управуваат министерството за правда и Врховниот суд во Газа.

Израелската војска од 7 октомври уништи повеќе од 100 владини згради. Хамас објави претходно дека израелските власти се обидуваат да ги уништат сите аспекти на животот во Газа, вклучувајќи ги здравствените и градските служби, како и другите витални услуги за народот во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ