Системот ТХААД (Терминал хај алтитјуд ерија дефенс) беше користен во обид да се пресретнат проектили од Јемен во изминатите 24 часа, а анализата ќе утврди дали пресретнувањето било успешно, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Ова е првпат да се користи системот ТХААД, распореден во Израел.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека системот ТХААД лансира пресретнувач за време на нападот на Хутите. „18 години го чекав ова“, се слуша на снимката.
מערכת ה- THAAD האמריקנית לקחה חלק ביירוט הטיל הבליסטי ששוגר אמש מתימן. אפשר לשמוע את אחד החיילים האמריקניים מתרגש “18 שנים חיכיתי לזה” pic.twitter.com/s4VoMfMhaF
— איתי בלומנטל 🇮🇱 Itay Blumental (@ItayBlumental) December 27, 2024
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ракетата на Хутите била пресретната од противвоздушната одбрана, но не прецизираа дали се работи за израелски или американски систем.
Системот ТХААД беше распореден во Израел по иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на 1 октомври.