вторник, 24 декември 2024

Израел: Враќање на населението прво на северот на Газа

Израел постепено ќе премине на нова фаза на своите операции во Појасот Газа во која веројатно прво ќе му биде дозволено на локалното население да се врати на северот на крајбрежниот појас, кажа израелскиот министер за одбрана.

Објавено на

часот

Сподели

„Можам да ви кажам дека наскоро ќе можеме да правиме разлика меѓу различните области во Газа“, кажа министерот Јоав Галант на заедничката конференција за новинари со својот американски колега Лојд Остин во Тел Авив.

„Во секоја област во која ќе ја оствариме нашата мисија ќе можеме постепено да преминеме на следната фаза и да почнеме да работиме на враќање на локалното население“, кажа Галант. „Тоа значи дека тоа може да биде остварено порано на северот отколку на југот“.

Остин кажа дека тој не престојува во Израел за да диктира каков било временски рок или услови за израелската воена кампања, но дека разговарал за преминување на операции со помал интензитет. „Тоа не значи крај на операцијата. Тоа понекогаш значи поголема прецизност, поголем фокус на одредена мета“, кажа Остин.

Тој истакна и дека го повикал Израел да ги заштити цивилите кои се нашле фатени во војната во Газа. „Во секоја кампања постојат фази“, кажа Остин на конференцијата за медиуми. „Исто така ќе продолжиме да повикуваме на заштита на цивилите за време на конфликтот и на зголемување на протокот на хуманитарна помош во Газа“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ