недела, 22 декември 2024

Израел ја бомбардираше Рафа

Израелските сили денеска бомбардираа област во близина на јужниот пограничен град Рафа каде засолниште побара повеќе од половина од вкупното население на Појасот Газа, еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли предлогот за прекин на војната во палестинската енклава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху вчера изјави дека предлогот на Хамас за примирје е „заблуда“ и најави продолжување на борбата и победа за неколку месеци. Одбивањето на израелскиот премиер доаѓа по интензивните дипломатски напори да се стави крај на четирииполмесечната војна, пред можниот израелски напад на Рафа, каде што во моментов се наоѓаат повеќе од еден милион луѓе, од кои многумина во импровизирани шатори при недостиг на храна и лекови.

Показател дека сè уште не е исклучено дипломатско решение е дека делегацијата на Хамас денеска пристигна во Каиро на разговори со посредници од Египет и Катар. Хуманитарните агенции предупредуваат на претстојна катастрофа доколку Израел ја исполни својата закана да влезе во Рафа, еден од последните делови на Појасот каде што израелските војници не стапнале.

Израелски авиони утринава бомбардираа делови од областа, а жителите јавуваат дека во две куќи биле убиени 11 лица. Тенковите биле насочени кон делови на источна Рафа, интензивирајќи ги стравувањата на населението од претстојната инвазија. И покрај тоа што Израел го отфрли предлогот на Хамас, дипломатските разговори продолжуваат.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека сè уште има простор за преговори. Тој на вчерашната прес-конференција рече дека сегашниот предлог на Хамас содржи голем број „нон-стартери“, без да открие за што се работи.

Во таа прилика Блинкен повтори дека бројот на цивилни жртви во израелската офанзива е превисок, па затоа го повика Израел да ја стави нивната благосостојба на прво место. „Ова особено се однесува на случајот со Рафа, каде што има меѓу 1,2 и 1,4 милиони луѓе, главно бегалци од другите делови на Газа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ