Оваа практика излезе на виделина при постепеното ослободување на заложниците, тврдат израелските медиуми. Во извештајот се наведува дека Хамас се грижи заложниците да изгледаат енергично и во добра состојба при нивното враќање во Израел. Меѓутоа, како што пишува Џерусалим пост, сведочењата на неодамна ослободените жени откриваат сосема поинаква слика за нивното заробеништво.
Ослободените заложници им рекле на израелските власти, според Н12, дека пиеле морска вода и јаделе само леб и ориз. Други открија дека биле држени во тешки услови, вклучувајќи подземни тунели и кафези. Н12 истакна дека овие мерки непосредно пред ослободувањето биле дел од напорите на Хамас да влијае на јавната перцепција за нивниот третман на заложниците.
Четирите заложнички – Карина Ариев, Лири Албаг, Даниела Гилбоа и Наама Леви – беа ослободени од заробеништво на Хамас во саботата. Дополнително, Емили Дамари, Роми Гонен и Дорон Штајнбречер беа отпуштени од медицинскиот центар Шеба по една недела медицински прегледи по нивното враќање дома.