недела, 19 јануари 2025

Израел: Бен-Гвир и уште двајца министри поднесоа оставки поради договорот за прекин на огнот во Газа

Израелскиот министер за национална безбедност, десничарот Итамар Бен-Гвир и уште двајца министри од неговата националистичко-верска партија поднесоа оставки од своите позиции во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради договорот за прекин на огнот во Газа, соопшти денеска нивната партија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Партијата Еврејски сили (Отзма Јехудит) повеќе не е дел од владејачката коалиција, но рече дека нема да се обиде да ја собори владата на Нетанјаху.

Британската агенција Ројтерс објави дека посредниците го информирале Израел дека ги добиле имињата на заложниците што треба да бидат ослободени во недела како дел од договорот за прекин на огнот во Газа.

Израелската армија во неделата нападна цели низ палестинската енклава по истекот на рокот за прекин на огнот во Газа, потврдија жителите, а израелските сили објавија дека со тенкови нападнале „терористички цели“ во Газа.

Во израелските воени напади денеска загинаа најмалку осум Палестинци низ Газа поради доцнење во спроведувањето на прекинот на огнот, соопшти палестинската служба за итни случаи. Најмалку 25 лица се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ