сабота, 27 јули 2024

Износите на партиципација остануваат исти, МОН вели нема покачување

Министерството за образование и наука ги демантира информациите дека ќе се зголеми двојно партиципацијата за студирање на државните високоообразовни установи на сите три циклуси на студенти. Претходно од Студентскиот отпор соопштија дека имаат информации дека се планира зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за образование и наука реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов. Во комуникација со Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, добивме информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции. Но, тоа е интерно инициран процес. Министерството за образование и наука го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега“, се вели во соопштението на МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ