сабота, 27 јули 2024

Студенстки отпор: Ако поскапат студиите, следуваат протести

Според наши информации, надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии. Сумата за партиципација која се споменува е речиси двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Апелираме итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улица. Повлекување веднаш или протест, се вели во реакцијата на организацијата Студентски отпор по последните информации дека се планира поскапување на студиите.

Објавено на

часот

Сподели

„Покачувањето на партиципацијата веќе е главна точка на дневниот ред на сите факултетски студентски собранија.
Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно нè загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории“, се вели во реакцијата на Студентски отпор.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ