„Со проста математика може да се увиди дека тука не станува збор за судски процеси, пред се на СЈО, кои траат пет, седум или десет години, туку тие во просек траат пет години и десет месеци. ќе повторам дека речиси сите предмети, освен три, се завршени во по една, а некои во две постапки, откако биле вратени од Апелација. Затоа тврдам и апелирам, прстот не треба да се вперува во судството“, рече Џолев.
Тој додаде дека во 36 предмети за 197 обвинети се води постапка според член 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластувања, а кои се под закана за застарување. Од таа бројка 38 се обвинетите во предметот „Змиско око“:
Колку од процесите ќе застарат зависи од преквалификацијата што треба да ја направат обвинителите, а Џолев нагласува дека при носењето на измените во Кривичниот законик требало да се има предвид дека дел од предметите биле во финалната фаза.
Штетите по државниот буџет за предметите кои ќе застарат, а обвинетите ќе куртулат, ќе бидат големи, рече Џолев на брифингот со новинарите, истакнувајќи дека највисока стапка ќе бидат адвокатите, кои имаат тарифи за едно рочиште од 1.000 па до 1.500 евра. Во некои судски предмети имало десетици, па и сто рочишта, нагласува претседателот на Кривичниот суд.