понеделник, 30 декември 2024

Измамничката Ана и во домашен притвор заработува

Ана Сорокин, измамничката позната и како Ана Делви, продолжува да го привлекува вниманието на светската јавност. Таа денес е во домашен притвор, но се чини, и натаму нижи „успеси“… Во последното интервју за „ВВД“ (WWD), таа вели дека и натаму се труди да биде зафатена и продуктивна.

Објавено на

часот

Сподели

„Не правам ништо доволно возбудливо во мигов. Би било полесно да создавам повеќе ако можам да ја напуштам куќава. Никој не сака да гледа како седам на каучот и пишувам книга… Сѐ зависи од тоа кога ќе бидам слободна. Потоа ќе правам занимливи работи што луѓето сакаат да ги гледаат“, додаде Ана.

Ана е родена во Русија и е позната по тоа што ги измами банките и општеството во Њујорк за илјадници долари, меѓу 2013 и 2017 година. Таа тогаш живеела на Менхетен, а сите мислеле дека е Германка, наследничка, со богатство од 67 милиони долари во Европа. Но, таа тврди дека никогаш не сакала да биде позната како измамничка.

„Тоа е целосно наметнато од Обвинителството и медиумите, како и од Нетфликс, но дефинитивно се обидувам да побегнам од тоа. Едноставно, мразам да ги гледам сите овие наслови за измами и лажно наследство. Би сакала да добијам шанса луѓето да не ме гледаат само како наводна измамничка“, вели Ана.

Инаку, нејзините животни авантури се пренесени во играната ТВ-серија „Смислувајќи ја Ана“ (Inventing Anna) на „Нетфликс“.

За прикажувањето на нејзината приказна во серијата на „Нетфликс“, Сорокин добила околу 200 илјади долари.

Која е всушност Ана Делви? Родена како Ана Сорокин во предградијата на Москва во 1991 година, а подоцна се преселила во Германија со своето семејство. Одредено време стажирала во редакцијата на париското списание „Пурпле“ (Purple), па таму се спријателила со главниот уредник Оливие Зам… Токму тој бил првиот што таа го вовлекла во нејзината мрежа од лаги и манипулации. Во 2014 година се преселила во Њујорк…

Во еден случај, ја оставила својата жртва во долг од 62 илјади долари. Имено, таа поканила „пријателка“ на луксузен одмор во Маракеш, а кога требало да се плати, Ана побарала од „пријателката“ тоа да го направат со нејзината кредитна картичка… Секако, не ѝ ги вратила потрошените пари

Во април 2019 година, Ана е осудена на минимум четири години затвор за измама, но беше ослободена поради добро однесување во февруари 2021 година.

Во јуни оваа година, Ана присуствуваше на сослушување за имиграција во Њујорк.

Имено, во март 2021. повторно била приведена од Имиграциско-царинската служба поради истечена виза. Уште една година беше во притвор. Требаше да биде депортирана во Германија во 2022 година, но депортацијата не успеа, бидејќи таа одби да го напушти притворот и да оди на аеродром. Нејзиниот адвокат тогаш изјави дека е поднесено барање за задржување на депортацијата. Подоцна истата година, таа беше ослободена од притвор со два услови. Имено, таа требаше да плати кауција од 10.000 долари и да остане во домашен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ