Вчера во Куманово, 66 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.500 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со истата приказна за згазено дете мигрант бил измамен и 83 – годишен маж од Куманово. Тој бил измамен за 100 илјади денари. Според пријавеното, лице му се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговараат кривично. Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неовиот син и сфатил дека е измамен односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Измамите со наводните сообраќајки на блиски не престануваат
Во билтенот на МВР денеска се регистрирани две измами со добро познатата приказна дека некој близок предизвикал сообраќајка и дека ќе треба нешто да се плати случајот да се заташка.
Објавено на
часот