Почитувачите и следбениците на делото на познатиот уметник десет дена ќе имаат можност да уживаат во триесет негови антологиски пејзажи, создадени во последните три години. Изложбата ќе ја отвори раководителот на галеријата, Антонио Павловски.
Галерискиот простор ќе биде збогатен со монографии за нашето културно и историско наследство, како и со монографски изданија за познати македонски сликари од сите генерации, информираат од Матица македонска