Фотографиите од изложбата се објавени во книгата Seven Churches in Ohrid, издадена од „Македонида“ во 2022 година. Истражувањето и подготовката на веб-страницата за регистер на византиските цркви во Охрид е проект поддржан од Фондацијата „Ричард Х. Драјхаус“ од Чикаго, САД.
„Градот Охрид во средниот век бил еден од најзначајните уметнички, административни и духовни центри на Балканскиот Полуостров. Охридската Архиепископија во средниот век била значаен црковен и религиозен центар во христијанскиот свет. Денес, црквите во Охрид, со нивната архитектура и фрескоживопис, претставуваат значајно културно и религиозно наследство во целата православна екумена“, велат организаторите.