среда, 12 март 2025

Изгореа две хаварисани возила кај струмичката болница

Утрово изгореа две хаварисани возила во кругот на струмичката болница, информираа од ТППЕ Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, во гаснењето на запалените возила интервенирале со едно против пожарно возило и тројца пожарникари.

Во информацијата се додава дека пожарот бил локализиран и ликвидиран за кратко време по пристигнувањето и било спречено негово проширување на околните објекти.

Извршен е увид на местото на пожарот, а причините ќе се испитуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ