среда, 12 март 2025

Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, еден пожарникар е повреден (ФОТО+ВИДЕО)

Ноќеска изгоре магацин за производство на полисетер во село Неготино, Општина Врапчиште. Девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила гаснеа од полноќ до пет часот утрово. На помош дојдоа и четворица пожарникари од Тетово со едно противпожарно возило. Два од трите објекти целосно изгореа. а третиот е делумно изгорен. Повреден бил еден пожарникар, јавува Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и добил повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката болница во Гостивар.
Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сѐ уште има жар и чад поради што пожарникарите сѐ уште се на терен.
Не се познати причините за настанување на пожарот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ